Launched in 2019
REAL MADRID FOUNDATION CLINIC MACEDONIA

Благодарение на партнерството меѓу Еуро Спорт Арена и Реал Мадрид Фондација, фудбалските кампови Клиник нудат уникатна и возбудлива можност да се доживее специјализирана фудбалска обука.

М
ладите фудбалери од македонските клубови ќе добијат фантастична можност да ги подобрат фудбалските вештини според принципите на Реал Мадрид Фондација Клиник. Тренерите од фудбалските клубови и школи ќе работат според уникатниот пристап и методите за обука на Реал Мадрид Фондација Клиник.

Лиценцираниот партнер Еуро Спорт Арена, програмата на Реал Мадрид Фондација Клиник ќе ја реализира исклучиво во соработка со фудбалски клубови и школи во Македонија.

Регистрација отворена


Еуро Спорт Арена - Партнери
REAL MADRID FOUNDATION CLINIC 2019


дата и место на одржување

ФК РАБОТНИЧКИ ► 17.06 - 21.06.2019, Скопје
ФК КИТ-ГО► 17.06 - 21.06.2019, Штип
ГФК ТИКВЕШ ► 17.06 - 21.06.2019, Кавадарци
камп без хотелско сместување-13.700денари
можност за учество со отплата до 10 рати


REAL MADRID FOUNDATION
CAMPUS EXPERIENCE 2019

организатор, дата и место на одржување

ЕУРО СПОРТ АРЕНА 17.07 - 21.07.2019, Спортски центар Маврово

камп со хотелско сместување -21.500денари
можност за учество со отплата до10рати



Реал Мадрид, шпанскиот првак и актуелниот шампион во Лигата на шампионите, е еден од најпопуларните и успешни фудбалски клубови во светот.Преку своето основање наFundación Real Madrid Clinic, клубот е активен низ целиот свет, промовирајќи ги социјалните и културните вредности во спортоткако нивна главна предност и промовирање на интегрално образование на децата и младите, како и социјално вклучување на најранливите.Fundación Real Madrid Clinic, ја донесува филозофијата за обука на младинската академија на Реал Мадрид во девет различни европски земји, вклучувајки и ја Република Македонија.
Со нетрпение очекуваме да Ви посакаме добредојде.

ПЕТДНЕВНА ТРЕНИНГ СЕСИЈА

Тренинг сесиите се меѓу најиновативните во светот и за време на училишните одмори. Можност за учество на девојчиња и момчиња кои имаат љубов кон фудбалот и се на возраст меѓу 7 и 17 години.

Тренинг сесиите се одржуваат од понеделник до петок, од 9 -14 часот.

Десетте тренинзи се креирани од младинската академија на Реал Мадрид. Нашата професионална екипа на квалификувани тренери ќе Ви бидат предизвик и ќе ве охрабрат да ги користите најновите методи на обука.

Петдневните тренинзи се фокусираат на подобрување на личната техника, тактичкото однесување на теренот, завршувањето на целта и когнитивните способности (брзина на дејствување).Обуката во фудбалскиот камп ќе им овозможи на играчите да тренираат како професионален фудбалер, да ги научат најдобрите спортски вредности и да ги развиваат своите вештини.
ПАТУВАМЕ ВО МАДРИД

Тренерите од Шпанија ќе одберат играчи(однесување и вештина) од секој фудбалски камп наClinic во Македонија и ќе им дадат шанса да присуствуваат на изборниот камп воШпанија.

Една недела во градот Мадрид, на тренинг комплексот Валдебебас е врвно доживување и еден од најексклузивните настани за млади фудбалери во светот.



СПОРТСКА ОПРЕМА


Организаторот Еуро Спорт Арена за секој учесник на кампот Clinic ќе обезбеди оригинал спортска опрема од официјалниот партнер Реал Мадрид Фондацијакоја останува во сопственост на учесникот и се состои од: дрес, шорцеви и штуцни.



МОЖНОСТ ЗА УЧЕСТВО ДО 10 РАТИ
сокредитодИутеКредиткаконајбрзоинајповолно

По повод партнерството помеѓу Иуте Кредит и Еуро Спорт Арена,Иуте Кредитподготвиповолни услови за сите корисници кои ќе аплицираат за учество на фудбалскиот камп наReal Madrid Foundation Clinic.


АПЛИЦИРАЈ ОНЛАЈН ВЕДНАШ►

или на телефон 02 3149 999, или во експозитурите во Скопје (во Парк и на Партизанска кај Соборен храм), Тетово и Куманово.

РЕГИСТРАЦИЈА И ПРОГРАМА 2019
ФК РАБОТНИЧКИ
Clinic - Скопје

Краен рок за пријавување 10 Јуни 2019
Максимален број на дозволени учесници 100
Дата на одржување:
17.06-21.06.2019
Времетраење: 5 дена:
од понеделник до петок
Возраст:
7-17 години
Број на игралишта:
3 (три)
Престој: не е вклучен
Оброк вклучен
Превоз услуга (Проверете цени и достапност)
Место каде што родителот треба да го донесе и земе учесникот на кампот.Тренинг центар на
ФК Работнички
ФК КИТ-ГО
Clinic - Штип

Краен рок за пријавување 10 Јуни 2019
Максимален број на дозволени учесници 80
Дата на одржување:
17.06-21.06.2019
Времетраење: 5 дена:
од понеделник до петок
Возраст:
7-17 години
Број на игралишта:
1 (едно)
Престој: не е вклучен
Оброк вклучен
Превоз услуга (Проверете цени и достапност)
Место каде што родителот треба да го донесе и земе учесникот на кампот. Градски стадион Штип
ГФК ТИКВЕШ
Clinic - Кавадарци

Краен рок за пријавување 10 Јуни 2019
Максимален број на дозволени учесници 80
Дата на одржување:
17.06-21.06.2019
Времетраење: 5 дена:
од понеделник до петок
Возраст:
7-17 години
Број на игралишта:
1 (едно)
Престој: не е вклучен
Оброк вклучен
Превоз услуга (Проверете цени и достапност)
Место каде што родителот
треба да го донесе и земе учесникот на кампот. Градски стадион Кавадарци

LAUNCHED IN 2018
REAL MADRID FOUNDATION CAMPUS EXPERIENCE MACEDONIA

Родители, доколку вашите деца, момчиња и девојчиња го сакаат фудбалот и се на возраст помеѓу 7 и 17 години, кампот на Real Madrid Foundacion Campus Experience е вистинското место кое ќе им го трасира патот до фудбалските височини.

Со хотелско сместување во интервал од пет дена специјално обучени тренери за млади категории од RMF, ќе го пренесат своето знаење и ќе бидат дел од мозаикот на кампот. Според програмата и правилата на Фондацијата на кралскиот клуб сите членови на кампот мора да имаат максимални услови, опрема и стручна помош за сопствено усовршување, едукативни предавања на теми кои се реална потреба за здрави спортисти, дружење и многу забава.

ОБУКА И ТРЕНИНГ

Програмата за обука вклучува проучување на технологијата, психологијата, стратегијата и тактиката на играта.

КОМУНИКАЦИЈА

Препознавање не само на нивните способности, туку и способностите на другите членови на тимот, да се земат во предвид предностите и слабостите.

ЗДРАВ ЖИВОТ

Спроведување на принципите на здрав начин на живот: хигиена, исхрана, соодветен одмор и дневна рутина.

Real Madrid Foundation Campus Exprience

датa и место на одржување

17.07-21.07.2019, Спортски центар Маврово




Во повеќе од 50 земји во светот, Real Madrid Foundacion Campus Experience има свои интернационални кампови и во Македонија. Целта е девојчињата и момчињата кои се дел од кампот да го искусат неверојатното и незаборавно дружење, но и преку едукацијата и тренинзите да ја дознаат формулата за успех. Се работи на две основи, подобрување на фудбалските вештини, но и градење на човечки вредности.Согласно стандардите на Real Madrid Foundacion Campus Experience, на секои 20 учесници има по еден тренер. Дополнително, во рамки на едукацијата ќе учествуваат предавачи од Шпанија. Дел од планот се и монитори кои ќе го организираат слободното време на учесниците меѓу тренинзите.

Со нетрпение очекуваме да Ви посакаме добродојде.






ПЕТДНЕВНА ТРЕНИНГ И ЕДУКАТИВНА СЕСИЈА

Фудбалот се учи на терен, но теоријата ја засилува комплетната личност на фудбалерот.

Непроценливо искуство со специјално обучени тренери од Шпанија за млади категории, кои на кампот освен фудбалските тренинзи, секојдневно ќе имаат и едукативни предавања на теми
: Спортска психологија, здрави навикизаздрав живот, правилна спортска исхрана, спортски бон-тон
и
за 5
(пет) суштински точки кои се фундаментот на кралскиот клуб:
Респект, самоконтрола, иницијатива, напорна и тимска работа.



CAMPUS EXPERIENCE

Програмата за тренинзи која се одржува во Фудбалските кампови на Real Madrid Foundacion Campus Experience има за цел да им овозможи на сите учесници да го изразат својот целосен технички, тактички и физички потенцијал без оглед на нивото на вештина. Од ден на ден тие ќе научат да ги зајакнуваат своите сили и ќе бидат поттикнати да ги разберат сопствените слабости и како да работат за да ги надминат.

Програма за тактички фудбалски тренинг има за цел да ги подобри вашите тимски вештини со игри и предизвици со намера да ви овозможи подлабоко разбирање на секоја единствена улога и позиција.



СПОРТСКА ОПРЕМА
ФОТО АЛБУМ И СЕРТИФИКАТ ЗА УЧЕСТВО


Организаторот за секој учесник на кампот Campus Experience ќе додели сертификат за учество на фудбалскиот камп заверена од Реал Мадрид Фондација, фото албум и оригинал спортска опрема од официјалниот партнер Реал Мадрид фондација која останува во сопственост на учесникот и се состои од: дрес, шорцеви и штуцни.


МОЖНОСТ ЗА УЧЕСТВО ДО 10 РАТИ
сокредитодИутеКредиткаконајбрзоинајповолно

По повод партнерството помеѓу Иуте Кредит и Еуро Спорт Арена,Иуте Кредитподготвиповолни услови за сите корисници кои ќе аплицираат за учество на фудбалскиот камп наReal Madrid Foundation Clinic.


АПЛИЦИРАЈ ОНЛАЈН ВЕДНАШ►

или на телефон 02 3149 999, или во експозитурите во Скопје (во Парк и на Партизанска кај Соборен храм), Тетово и Куманово.

Програма и Распоред
Спортски центар - Маврово

Спортскиот центар Маврово е идеално место за професионални тренинзи за спортисти. Во летните месеци нуди одлични можности со одлични капацитети за обука во живописното опкружување на Националниот парк Маврово. Идеалната надморска височина од 1.200 метри и одличните летни климатски карактеристики, даваат одлични можности за тренинг на отворен и затворен простор. Спортскиот центар Маврово обезбедува природно изолирана, здрава животна средина што ги зголемува шансите за професионално усовршување.

Во близина на Мавровското езеро, Спортскиот центар нуди надворешно фудбалско игралиште, како и ново опремена Спортска сала по сите светски стандарди.За време на фудбалскиот камп, ресторанот на хотелот ќе одговори на сите потреби и предвидени програми за исхрана на учесниците.
Фудбалски камп за секого
Фудбалски камп на високо ниво
Фудбалски камп за голмани
Тренинг центар -
Спортски центар Маврово
Дата на одржување:
17.07-21.07.2019
Место каде што родителот
треба да го донесе и земе учесникот на кампот.
Скопје, сала Борис Трајковски
Сместување/престој:
Хотел „Спорт“ – Маврово
полн пансион
Возраст:
7-17 години
Превоз услуга (Проверете цени и достапност)
Времетраење: 5 дена:
од среда до недела
Едукативна сесија:
Иницијатива, самоконтрола, респект, тимска и напорна работа
Детален медицински преглед и осигурување за време на кампот

Краен рок за пријавување 5 Јули 2019
Максимален број на дозволени учесници 80

Хотелот Спорт се состои од две згради со 28 Делукс соби, 4 апартмани, ресторан и бар.

Чисти и удобни соби, опремени со сè што ви треба:

приватна бања со када и туш;
  • климатизација, работна маса, сателитски ТВ приемник, директна телефонска линија;
  • сала каде што ќе се едуцираме и забавуваме со интересни програми;
  • мезанин за одмор
  • вкусна кујна (развиена од нашиот нутриционист)

Хотелот располага со бесплатен Wi-Fi и брза интернет конекција.


ВЕСТИ И ИНФОРМАЦИИ
REAL MADRID FOUNDATION CAMPUS EXPERIENCE / CLINIC
Спортот и младите